| четврток, 6 декември 2018 |

Зекири ги нападна Албанците само за да го „испере“ Заев за неуспехот на референдумот

Потпретседателот на владејачката партија СДСМ, Мухамед Зекири, упати остри критики до сите албански партии дека тие не се ангажирале максимално за време на референдумскиот процес, да го мобилизираат целото албанско гласачко тело да излези на гласање на референдумскиот ден, а со тоа и да помогнат за успех на референдумот.

– Јавноста и граѓаните знаат кои не беа активни. Ниту една од албанските партии не го даде максимумот. Ниту ДУИ, ниту Алијансата, а ни Беса и ДПА не го дадоа максимумот. Требаше да излезат албански гласачи толку колку што се – 260 илјади, а знаеме дека на референдумот не излегоа повеќе од 200 илјади – рече потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири синоќа во емисијата „Click Plus“ на ТВ 21.

Одговарајќи на прашањето на водителот зошто им ја префрла вината на албанските партии дека не си ја завршиле работата, Зекири одговата дека бројките се јасни.

– Може да анализирате добро, може да се видат бројките и многу лесно се стигнува до бројот на тие што излегоа. Делувањето на партиските активисти за време на референдумскиот процес се разликуваше од делувањето за време на изборните процеси. Ова не се однесува за СДСМ, зборувам за албанските политички партии – вели Зекири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top