Секоја година речиси во исто време британската стоковна куќа „Џон Левис“ објавува реклама која веќе традиционално во Велика Британија го означува почетокот на претстојните празници.
Рекламата е поставена на „Јутуб“ вчера, а веќе има четири милиони прегледи. Изгледа дека и оваа година повторно имаат хит, што и не е чудно кога ќе се земе предвид фактот дека за целата божикна кампања се потрошени седум милиони фунти, а самата реклама чини еден милион фунти.
Ѕвезди на овогодишната реклама се малиот Сем и неговиот пријател, пингвинот Монти, кој, како што се приближува Божик, станува осамен.
Минатата година рекламата, во која главни улоги имаат мече и зајак, била прегледана 13 милиони пати, а оваа веќе има четири милиона.
Овогодишната реклама е со наслов „ Божикот на Монти“. Погледнете ја!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неверојатна приказна: Пингвин секоја година минува повеќе од 8.000 километри за да посети еден човек
-
Кире и Борко во најновата реклама на Барселона како најава за мечот со Кил (Видео)
-
Погледнете што прави Ноле во соблекувалната кога никој не го гледа (Видео)
-
Како беше уништен светскиот рекорд во нетрепкање (ВИДЕО)