| четврток, 6 декември 2018 |

Пијаници кои ги посрамуваат своите пријатели (видео)

pijanci-15072013-625youtubeБританците важат за луѓе кои добро поднесуваат алкохол. И иако ќе ви звучи чудно, но на пиењето без контрола крај реши да стави токму произведувач на алкохолни пијалаци. Компанијата Diageo, во склоп на новата кампања „Мисли како пиеш“, објави видео преку кое сака да покаже како изгледаат оние кои ќе испијат малку повеќе од она што можат да поднесат. На тој начин сакаат да ги поттикнат луѓето да бидат одговорни кога се впуштаат во пиење голема количина алкохол. „Дејли меил“, кој го пренесува видеото, актерите од истото ги нарекува луѓе кои ја срамотат Велика Британија.

Во анкета која е спроведена во рамките на истата кампања е дојдено до сознание дека 40 отсто од жените барем еднаш во животот се посрамиле од самите себе поради видеото од нивното ужасно пијано издание, кое било објавено на социјалните мрежи од страна на некој друг. Се работи за феномен наречен „дигитален мамурлак“, а дури 47 отсто од испитаниците рекле дека пијаното издание кое го гледаат на социјалните мрежи го формира нивнто мислење за луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top