| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Народот во Македонија донесе јасна одлука и нема како некои други да ја игнорирам

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа дека го поддржува договорот меѓу Скопје и Атина, но дека не го потценува народот во Македонија кој според него, испратил јасна порака.

– Сметам дека секој договор е многу важен за народот на обете земји. Ние не се мешаме во внатрешните работи на двете држави, рече Вучиќ на прес-конференцијата по средбата со известителот на Европарламентот Дејвид Мекалистер.

Тој, меѓутоа рече, дека не е слеп за да не гледа што се случило и која е пораката на народот, пренесува Танјуг.

– Народот во Македонија донесе јасна и недвосмислена одлука и нема, како некои други да ја игнорирам, рече Вучиќ.

Тој уште изјави дека посакува се најдобро и успех на Македонија и Грција, бидејќи, како што рече, станува збор за два братски народи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top