| четврток, 6 декември 2018 |

Шекеринска бара, ама не дава (видео)

Вицепремиерката Радмила Шекеринска е изненадена што ВМРО-ДПМНЕ како опозициона партија поставува услови за да прифати парламентарни избори. Вели државата не е желботека.

Каква е таа опозиција кога на која ќе и дадете предвремени избори, а таа вика „ќе учествувам ако ни ги исполните условите“. Па не е државава желботека, па да им ги исполнува условите – рече Шекеринска на 3 октомври 2018 година за време гостувањето на 1ТВ.

И се ќе звучеше можеби нормално и се ќе беше јасно доколку Шекеринска го имаше истиот став во 2016 година, кога нејзината СДСМ беше во опозиција. Тогаш листата на желби беше подолга.. И тогаш за неа беше сосема нормално државарта да биде желботека и да ги исполнува барањата на нејзината СДСМ. Тогаш тие поставуваа услови

– Нашиот став е многу познат. На крајот оваа криза мора да се реши со избори. Меѓутоа за да се реши кризата тие избори не смеат да бидат повторно криминални, корумпирани и манипулирани – вели таа на 25.2.2016 година.

„Избори ќе има кога Иванов ќе ја повлече одлуката за аболиција, кога Владата ќе ја поништи одлуката за поништување на сите решенија на министрите на СДСМ Оливер Спасовски и Фросина Ременски и кога ќе се исполнат трите минимум услови за одржување избори – чист избирачки список, запирање на притисоците кон јавната администрација и регулирани медиуми“-условуваше СДСМ.

И не е новина. И во 2013 година се поставува услови од СДСМ за да прифатат избори.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски тогаш ја прифа понудата на премиерот Никола Груевски за предвремени избори, но само доколку претходно се исполнат условите на неговата партија, кои СДСМ претходно ги постави за враќање во Собранието. Се бараше симнување на блокадата на сметките на телевизијата А1, весниците „Време“, „Шпиц“, „Коха е Ре“, и прочистување на избирачкиот список, а се откажуваа од барањето министерот за правда да се тргне од Судскиот совет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top