| четврток, 6 декември 2018 |

Нејмар и даде два гола на Звезда за само 120 секунди (видео)

Екипата на Црвена Звезда одолеваше на нападите на ПСЖ само 20 минути. Организираната одбрана на српскиот шампион не дозволи шанси за погодок, но затоа прекините беа опасноста која се закануваше по голот на Борјан.

Нејмар беше жртва на неколку фаули на стартот од мечот, а еден од нив му овозможи одлична позиција за погодок. Бразилецот ја искористи со прекрасен шут од слободен удар, отворајќи го резултатот во Париз.

Две минути подоцна, една акција на Килиан Мбапе по десната страна ја заокружи повторно Нејмар, кој го постигна вториот погодок во Лигата на шампионите оваа сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top