| четврток, 6 декември 2018 |

Се појави снимка од Роналдо и девојката која тврди дека ја силувал (видео)

Кристијано Роналдо службено е обвинет дека на 12 јуни 2009 година во Лас Вегас ја силувал тогаш, 25 годишната Кетрин Мајорга која за тоа молчела цели девет години, бидејќи се спогодиле и Роналдо и исплатил 375.000 долари за да не зборува за тоа.

Полицијата повторно го отворила случајот, бидејќи во Невада случаите за силување не застаруваат.

Девојката за германскиот Шпигл неодамна рекла дека Роналдо го запознала во ноќен клуб во Лас Вегас и дека тој и го побарал телефонскиот број. Испиле неколку пијалаци, а потоа подоцна повторно се сретнале во хотелот во кој тој престојувал. Мајорга тврди дека таа заминала во тоалетот за да облечи костим за капење за џакузи, а дека тој влегол по неа, се соблекол и ја молел да му го “допре пенисот“.

Мајорга навела дека Роналдо подоцна ја однел во спалната соба и анално ја силувал, што таа подоцна го пријавила во полицјата.

По овој повод се огласила и мајката на девојката која за Бизнис инсајдер изјавил дека нејзината ќерка целосно се распаѓала кога ќе го видела Роналдо на некоја реклама или плакат.

„Мојата ќерка го преживува тоа секој ден. Тие години постојано го гледаше на билборди и реклами. Не можеше да отиде ни до маркет, а да не го види неговото лице. Сите мислат дека е совршен. Ужасно е. Понекогаш не можеше да стане од кревет. Ние цело време и даваме поддршка“ – изјавила мајката на Мајорга.

Британскиот „Сан“ неодамна дошол до видео снимка на која се гледа како Роналдо во ноќен клуб во Лас Вегас танцува со девојка за која тврди дека е Кетрин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top