| четврток, 6 декември 2018 |

„Дај ми да бидам човек свој“ – порачува Мијата (видео)

Песната на Мијата „Дај ми Да” е дел од кабаре-концертот „Јаболки и круши за уметнички души“, кој по Берово и Кочани ќе отпатува во Ресен и во други градови низ Македонија. Турнејата ќе ја заврши во Скопје на крајот на ноември.

Песната „Дај ми Да“ оригинално е една од соработките на Мијата со Кокан Пандиловски од Конкорд, кој е автор на музиката. Аранжманот е на Трајко Симоновски-Таци, а текстот е на Мијата.

Во кабаре-концертот освен Мијата учествува и Мето Јанакиевски/Томе Станковски како пантомимичар и физички театар, Ајхан Куртов е на пијано, а Тања Рибарска е во улога на инспициент и дизајн на звук.

„Јаболки и круши за уметнички души“ е кабаре-перформанс чиј автор е Мијата, режијата е на Војо Цветановски и е дел од манифестацијата Новиот културен бран 2018.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top