| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Еибар: Се сруши трибината, двајца тешко повредени (видео)

Севиља славеше на тешкото гостување кај Еибар со 3-1, но во 59. минута се случи тежок инцидент. Откако Евер Банега постигна гол од пенал за водство од 2-0, отиде да слави кај малубројните навивачи на неговиот тим. Тие направија мини-стампедо во обид да дојдат до него при што се сруши оградата и фановите се најдоа на земја.

Притоа, двајца од нив се потешко повредени и веднаш однесни в болница. Натпреварот беше прекинат осум минути за да им се укаже помош на навивачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top