| четврток, 6 декември 2018 |

РОСУ и Тачи се повлекоа од северот на Косово: По притисокот на Србија, косовските специјалци ја напуштија Газивода!

Откако Србија изврши притисок на меѓународните сили на безбедност и побара итна реакција како српскиот народ би бил заштитен, косовските специјални сили се повлекоа од вештачкото езеро Газивода-пренесуваат српските медиуми.

Како што потврдил градоначалникот на Зубин Поток, Стеван Вуловиќ, единиците РОСУ се повлечени и во моментов таму е мирно.

На прашањето дали е вистина дека косовскиот претседател Хашим Тачи се провозел со чамец по езерото, Вуловиќ рекол дека не се провозел, туку дека се криел на брегот. Тој додал и дека е важно дека никој не е повреден, а ни уапсен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top