| четврток, 6 декември 2018 |

Престрелка среде Скопје, неофицијално едно лице загина, едно се бори за живот(фото)

Три лица биле нападнати синоќа околу 00.25 минути со автоматско оружје на улицата Рузвелтова.
Нападнатите биле во возило Сеат Алтеа сива боја кое што било следено од џип Лендровер со зелена боја кое што било забележано од очевидци.

Нападот се случил пред седиштето на СЈО, но возилото на нападнатите се движело уште стотина метри до кафетеријата Жапон каде откако удрила во две возила Алтеата запрела.
Според очевидци еден од нападнатите барал помош која што се обиделе да му ја пружат луѓе од околните локали по што за само неколку минути пристигнала полиција и брза помош.
Џипот Ландровер продолжил кон Зоолошката Градина.
Според неофицијални информации еден од нападнатите загинал веднаш, а едно лице е на интензивна нега на Скопските клиники.

-На 29.09.2018 год. во 00,30 часот на ул.„Франклин Рузвелт“ бр.63 во близина на СЈО пукано е во ПМВ „Сеат Алтеа, каде што во возилото биле лицата Наим Аети (1974) од ул.„Методија Андонов Ченто“кој од здобиените повреди од истрели починал на лице место, а додека лицата Ф. Е. (1999) и А.П. (1969) со возила на ИМП се пренесени во УЦ Мајка Тереза- информираа од МВР и најавија повеќе детали за денеска.
Според непотврдени информации еден од нападнатите е близок роднина на Џеладин Ајети – Џељо од скопската населба Ченто кој загина во напад со калашњиков во неговата чајџилница во 2013 година.
Пред 4 дена во скопската населба Ченто со калашњиков беше извршен напад врз возило мерцедес но за среќа возачот преживеа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top