Моќна бура го погоди денеска јужниот дел од Грција, а искршените и бутнати дрвја кои ги искинаа далекуводите предизвикаа прекин на струјата во поедини зони на Атина, пренесува АП.
Се наведува дека се затворени училиштата во грчката престолнина и во уште некои делови на земјата, а спасувачките екипи ќе бидат на готовс за време на целиот викенд.
АП наведува дека се очекуваат удари на ветрот со брзина од 100 километри на час.
Се наведува дека е обновен сообраќајот на одредени траектни линии од пристаништето во близина на Атина, кои биле запрени претходните два дена, а поради невремето имало откажување и на авионски летови.
Грчката национална метеоролошка служба објавила дека денеска се очекува вложување на временските услови на територијата на цела Грција.
#28settembre le ultime sul #Medicane nello Ionio! ⚠️Il ciclone sfiorerà Calabria e Sicilia, poi…ecco i dettagli: https://t.co/WX37vdx1X5 pic.twitter.com/PXvAHGvfA9
— Ilmeteo (@ilmeteonet) September 28, 2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)