| четврток, 6 декември 2018 |

Запленети четири тони македонски зеленчук кај Прешево

zelencuk

Царинските работници на граничниот премин „Терминал“ кај Прешево спречиле шверц на четири тони зеленчук, од кои два тона домати и два тона лути пиперки.

Доматите и пиперките се отркиени во камион, кој ги транспортирал од Македонија во Србија, а увозник била фирма од Врање.

– Станува збор за 2.015 килограми домати и 2.080 килограми лути пиперчиња наменети за пазарот во Белград. Стоката не беше пријавена – велат од Царинската управа за интернет-изданието на весникот „Вечерње новости“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top