| четврток, 6 декември 2018 |

Во еден ден три нови жртви на скопските скитници

Во текот на вчерашниот ден во полициска станица се пријавени три нови случаи на напад од кучиња скитници.

Во 01.50 часот во Полициска станица Центар, Н.К.(22) од Скопје  пријавил дека на 25.09.2018 година околу 23.30 часот на улица „Пролет” бил нападнат и каснат од куче скитник  во пределот на левата нога.

МВР денеска соопшти дека синоќа во 20.20 часот во Полициска станица Гази Баба, М.В.(54) од Скопје пријавил дека околу 18.50 часот на улица „Пехчевска” бил нападнат и каснат од куче скитник во пределот на десната подколеница.

На 25.08.2018 година во 11,30 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.К.(58) од Скопје пријави дека на 22.09.2018 година во 20.00 часот на улицата „Благоја Стевковски“  бил нападнат од куче-скитник кое го каснало за левата нога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top