Попусто да се убедуваат луѓето да не се плашат од чопор кучиња-скитници. Наместо тоа, подобро е да научиме како да се однесуваме кога ќе нѐ пресретне глутница на улица, бидејќи стравот од човекот се пренесува на кучињата и тие стануваат дефанзивни, а со тоа и агресивни. Луѓето во паника почнуваат да мавтаат со рацете, а кучињата ги доживуваат наглите движења како напад, па тоа е уште една причина повеќе да нападнат. Затоа, најважно е да бидеме сталожени.
Кога ќе се сретнете со напуштено куче или чопор кучиња, направете го следново:
- обратете му се со фини зборови, миловно
- воспоставете контакт со очите
- полека наведнете се
- полека испружете ја раката кон кучето (горниот дел од шаката, со дланката надолу)
- ако наиде чопор, комуникација воспоставете со кучето кое прво ќе ви пријде
- никогаш немојте да бегате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.