Најмалку 12 Албанци се уапсени откако италијанската полиција во пристанишниот град Бари, разбила албанска кримнална организација, која се занимавала со меѓународна трговија со дрога. Во акцијата се запленти 17 килограми хероин и 2,5 килограми кокаин.
Според албанските медиуми водач на групата бил триесет и пет годишниот Емилијано Спахиу. По него и по уште четворица Албанци полицијата распишала потерница. Во групата имало и двајца Италијанци кои полицијата претходно ги уапсила запленувајќи околу 650 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.
Истата група се товари и шверц на околу три тони марихуана, запленета од страна на италијанската полиција а прошверцувана од Албанија во последните неколку месеци. Ден пред оваа акција италијанската полиција разби друга нарко организација и уапси педесетина нејзини членови, главно Албанци.
Според албанските медиуми двете криминални организации кои биле активни во шест региони во северниот дел на Италија, инвестирале во приватен сектор на недвижнини во Албанија и во Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


