Полицијата и обвинителството во Амстердам бараат од холанската Влада да го врати визниот режим за албанските граѓани.
– Преку интерен меморандум од Владата се бара да преземе активности околу ова прашање, изјави портпаролот на амстердамската полиција за „The Telegraap.nl.”
Во написот се наведува дека последните години Албанците се почесто се главните организатори во трговијата со дрога и дека само од 2016 година има отворено 36 истраги за осомничени лица од Албанија.
Полцискиот портпарол зборува за „брзиот напредок” на Албанците во криминалната мрежа во Холандија и притоа оцени дека политички е важно да се донесе одлука, посочувајќи дека извештајот набрзо ќе биде достаен до министерствата за внатрешни работи и за правда.
– Со враќање на визниот режим полицијата и судството сакаат да ги спречат Албанците „да се вкоренат во холандското општество”, заклучува „The Telegraap.nl.”
На веста ексоресно реагираше поранешниот албански премиер и екс лидер на демократите, Сали Берша, кој за сето ова го обвини актуелниот премиер Еди Рама.
– Рама на Албанците им даде дрога и им ги враќа визите, напиша тој на својот профил на Фејсбук.
Пренесувајќи ја информацијата, тиранската телевизја „Ора њуз” наведува дека според правилата на ЕУ за враќање на визниот режим потребена е едногласна одлука од страна на Советот на министри на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.