| четврток, 6 декември 2018 |

Самарас молчи и купува време

Antonis SamarasГрчкиот премиер Андонис Самарас сè уште не одговорил на писмото на неговиот македонски колега, Никола Груевски. На овој начин, сметаат експертите, Грција купува време, а очигледно е дека Самарас ќе молчи подолго од очекуваното.

Експертската јавност за Канал 5, оценува дека текстовите на То Вима и на Катимерини се провиден обид на Атина да одговорат на иницијативата на македонскиот премиер, користејќи ги овие медиуми како пробни балони со кои  сакаат да градат перцепција и да ја олабават атмосферата, гест што никако не може да биде замена и супститут за официјален грчки одговор на иницијативата на Груевски испратена по дипломатски пат.

Тоа, според експертите кои ги контактираше телевизијата, не се ништо друго, освен познати игри и трикови, со кои Грција купува време, спротивно од волјата на Македонија и на меѓународната јавност, кои очекуваат со интензивни разговори на високо ниво да се надмине проблемот и да се обезбеди интеграција на регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top