Вечерва 43. издание на Млад отворен театар (МОТ) продолжува со две гостински претстави – португалската театарска компанија на Жоа Гарсија Мигуел ќе гостува во МКЦ (Сала „25 Мај“) од 20 часот со „Го убивме шугавото куче“ која е дел од проектот „Африкански бранови“, а од 22 часот во Кино Култура е германската претстава „Неподносливиот бескрај“ на филмскиот и театарски режисер Франц фон Стролхен.
Летото 2017 тој патувал низ поранешната Балканска рута на бегалците, од Грција преку Македонија, Србија и Унгарија, сè до Виена – во време на реката од бегалци и тоа го набљудува од сосема друга перспектива. Од тоа развива сценарио за фиктивен филм, чие дејство се одвива на пат, каде што три млади жени патуваат во напуштена и запустена Европа.
Сценариото на Фон Стролхен е почетна точка за театарски перформанс каде што документарното и фикцијата стануваат неделиви, а резултатот е хипнотизирачки и длабок перформанс меѓу филм и театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.