Грчкиот портал In.gr се осврнува на „шокот предизвикан од неприфатливите изјави на Зоран Заев за неговата единствена ‘сопствена’ Македонија“ дадени во САД и на „дипломатската интервенција“ што резултираше со промена на формулацијата и „омекнување“ на изјавите што беше направено преку агенцијата МИА.
Заев, веќе не се сомнева во постоењето на другите Македонци, но грешката беше направена, пишува порталот .
@Грчката јавност сфати дека во Преспа се случило нешто чудно, подмолно и екстремно назадно. Вистината е дека нема да може да се дознае што потпишаа двете страни и што му „продале“ на јавното мислење со цел да се прифати договорот“, пишува порталот.
И доколку во Скопје мислењето на авноста се смени и ќе преовлада „да“ (на референдумот – н.з.) , во Грција нема знаци дека движењето против Договорот од Преспа ќе се промени „и покрај притисоци што ги прават САД и Европа“, пишува In.gr.
Повеќе од 7 од 10 Грци, според анкетата објавена од „New weekend“, не се согласуваат со решението, додека за прв пат мнозинството е на мислење дека треба да се оди на предвремени избори, пишува In.gr, и потсетува на предноста од 11 проценти на опозициската Неа демократија во однос на вледејачката СИРИЗА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.