Осумнаесет лица загинаа во сударот на патнички автобус и камион што денеска се случи на периферијата на Москва. Меѓу загинатите е и едно дете. 20 се повредени, од кои десет се во критична состојба
.
Според прелиминарните резултати од истрагата, за несреќата најверојатно е виновен возачот на камион бидејќи не го пропуштил автобусот на крстосница, по што камионот силно удрил во страната на автобусот и го преполовил.
Возачот на камионот ја преживеал несреќата и идентификуван е како 46-годишен државјанин на Ерменија, кој само во текот на оваа година шест пати бил парично казнет за сообраќајни прекршоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)