| четврток, 6 декември 2018 |

Марио Ѓуровски со Тајланд старс подобар од Манчестер јунајтед (видео)

Македонскиот интернационалец Марио Ѓуровски како член на екипата „Тајланд старс“ беше поуспешен од англискиот шампион Манчестер јунајтед. Ол-стар тимот од најдобрата тајландска лига победи со 1-0, пред 50 илјади гледачи на стадионот во Бангкок.

Ѓуровски беше стартер во селекцијата на Тајланѓаните, а голот за победа го постигна Винотаи во 50. минута. За Премиерлигашот од познатите играчи во стартниот состав беа Гигс, Велбек, Фердинанд, Карик, Андерсон, Еванс и Фабио.

При еден обид за атракција прописно се посрамоти Велбек, а потегот можете да го видите во видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top