Мапите на катастер покажуваат дека викендицата на Шилегов се наоѓа на парцелата број 1625, односно веднаш над Мавровското Езеро.

Парцелата на која се наоѓа куќата на Шилегов
Имотен лист на земјиштето на Шилегов

На аматерските фотографии кои за „Лидер“ ги направи жител на Маврово се гледа дека дворот на Шилегов навлегува во земјиште кое е во сопственост на Република Македонија.

  • Таму градоначалникот на Скопје си гради двор со коцка, која според нашите информации е извадена од депото на град Скопје а претходно беше поставена на плоштадот и на улица Македонија – пишува новинарот Златев.

На ова Шилегов, исто така реагира.

  • Нема ни калдрма, а уште помалку калдрмата од плоштадот – вели Шилегов за „Република“.

Јасно се гледа дека парцелата 1624/1 во Маврово, е парцела во сопственост на Република Македонија заведена како пасиште во вкупна површина од 1750 м2, истата директно граничи со парцелата каде се наоѓа неговата луксузна вила и истата е претворена во дворно место, поплочена со коцка и обградена со потпорни ѕидови, пишува „Лидер“ објавувајќи ги документите.

Викендицата навлегува во државно земјиште (2)
Викендицата навлегува во државно земјиште (1)
Викендицата навлегува во државно земјиште (3)

Имотните листови покажуваат дека парцелата помеѓу патот и викендицата на Шилегов е во сопственост на Република Македонија, а тој таму реди коцка и си ја користи како двор, иако според деталниот урбанистички план, дворот треба да му гледа на другата страна, пишува новинарот.

Парцелата пред куќата на Шилегов

 

„Лидер“ пишува дека Шилегов узурпирајќи го државното земјиште, кое го претворил во дворно место извршил кривично дело Узурпација на недвижности од чл. 225 ст. 2 од КЗ со што му се заканува казна затвор од 1 до 5 години затвор, дополнително со самото тоа што на земјиштето правел градежни зафати без дозвола за градба извршил и кривично дело Бесправно градење од чл. 224 – а ст. 1 со што му се заканува казна затвор од 3 до 8 години затвор, тврди сајтот. Фактот што државното земјиште е заведено како пасиште, а се наоѓа во рамки на Националниот парк Маврово со него во име на Република Македонија управува и има право на користење ЈП Национален парк Маврово, се поставува прашањето, како управата на паркот дозволила повеќе месечно узурпирање и градење на државно земјиште, без притоа да реагира.

Нема реакција ниту од другите државни институции, како Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина, Градежниот инспекторат, Инспекторатот за екологија и Јавното обвинителство, кое мора да реагира согласно закон и да поднесе кривична пријава против узурпаторот – Шилегов.

„Лидер“ стапи во контакт со градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, кој учтиво не замоли за ова прашање да се консултираме со секторот за урбанизам. Во текот на денот, ќе стапиме во контакт и со секторот за урбанизам и со Националниот парк Маврово.

Инаку, двете кривични дела кои ги извршил Шилегов се кривични дела кои се гонат по службена должност,  обврска е ЈО е да поведе навремена постапка.