| четврток, 6 декември 2018 |

Им течела крв од носот и ушоте, пилотот заборавил да притисне едно копче, па во авионот настанал хаос

На триесетина патници во индиски авион им течело крв од ушите и носот откако пилотот заборавил да ја активира функцијата за изедначување на притисокот во кабината, по што авионот морал принудно да слета.

Со 166 патници и членови на екипажот, авионот на “Jet Airways” кој што летал на релација Мумбаи – Џаипур, морал да се врати назад 45 минути после полетувањето. На видео снимките кои што се појавија на интернет може да се види како маските за кислород се паднати, откако не бил израмнет притисокот во кабината.

-Панична ситуација поради технички проблем на авионот на “Jet Airways” од Мумбаи до Џаипур. Авионот се враќа во Мумбаи после 45 минути. Сите патници се безбедни, вклучувајќи ме и мене, напиша патникот Даршак Хати на Твитер.

Лекарски екипи ги прегледале патниците откако се приземјил авионот, по што било утврдено и дека пилотот заборавил да го израмни притисокот во кабината, па затоа настанал големиот проблем кој што резултирал со проблеми кај патниците и враќање на авионот назад во Мумбаи.

Инаку, ова не е прв ваков бизарен инцидент во Индија кога станува збор за цивилното воздухопловство. Во јануари од “Jet Airways” соопштија дека двајца пилоти добиле отказ затоа што накратко го напуштиле кокпитот на сред лет, поради меѓусебна расправија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top