| четврток, 6 декември 2018 |

Ја погледнал мајка си во очи и починал – детали од трагичната несреќа кај Неготино

Единаесет годишниот Матија Шушнјевиќ од Белград завчера почина во сообраќајна несреќа на патот Неготино – Демир Капија откако, автомобилот со кој со семејството патувале излета од патот и се преврте, најверојатно поради тоа што неговиот татко, поради замор, заспал на воланот.

Очевидци на несреќата велат дека родителите на Матија, Сашо и Гордана се извлекле од автомобилот. Од силината на ударот, задниот дел на кровот се деформирал и го притиснал момчето.
nesreka negotino
Според очевидците, мајката се приближила кон синот и го фатила за рака. Тој само ја погледнал, и издишал за последен пат. Глетката беше многу трагична, велат очевидците.
Пријателите и роднините на семејството велат дека Матија бил дете за пример, најдобар кошаркар во својата генерација во КК Рас, а дека семејството моментално се наоѓа во неверојатно тешка состојба, откако среќни тргнаа на одмор, а по само два дена се вратија завиени во црно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top