Италијанскиот фудбалски клуб Интер е заинтересиран за играчот на Барселона и шпански репрезентативец Сеск Фабрегас.
Фабрегас не се наметна во екипата од Каталонија и се погласни се шпекулациите за негово заминување од клубот каде што пристигна во 2011 година од екипата на Арсенал.
Во клубот од Милано веруваат дека со доаѓањето на Сеск во Интер значително ќе се зголеми шансата во борба за титулата.
Според англиските медиуми Фабрегас би можел да се пресели и во неговиот поранешен клуб Арсенал.
Барселона за овој играч бара околу 40 милиони евра, со кои би пробале да го ангажираат одбранбениот бразилски репрезентетаивец од екипата на ПСЖ Тиаго Силва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


