СВР Битола поднесе кривични пријави против 6 млади битолчани, од кои тројца се малолетни, поради основано сомнение дека се сторители на повеќе кривични дела „одземање на моторно возило“, „тешка кражба“ и „измама“.
Пријавените се 21-годишните И.Ј. и С.Ф. од Битола и О.Г. од село Гермијан, како и 17-годишните В.М., А.М., и Р.К. сите од Битола.
Тие во периодот од јануари до мај во повеќе наврати извршиле кривично дело и причиниле голема материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


