| четврток, 6 декември 2018 |

Албанците во Србија бараат исти права како Србите во Косово

Претседателот на Движењето за демократски напредок, Јонуз Муслиу порачал дека албанските политички преставници од општините Бујановац, Прешево и Медвеѓе треба да имаат исти права и исто законодавно тело како Србите од северот на Косово, кои неодамна го формираа „Парламентот на покраината Косово и Метохија”.

jonuz musliu

Јонуз Муслиу

„Започна имплементацијата на Бриселскиот договор и сега е време Албанците да преземат чекори за решавање на своите политички проблеми. Бараме реципроцитет со правата кои ги добиваат Србите на северот од Косово”, изјавил Муслиу.

 

Муслиу прецизирал дека овој реципротитет треба да предвидува и „Албанците во Прешево и Бујановац да добијат своја полиција, командир на полицијата и Апелационен суд”

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top