| четврток, 6 декември 2018 |

Советот на Европа бара поголеми права за жените

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс денеска објави извештај во кој се оценува дека е потребен напредок во репродуктивните права на жените во Европа, пристапот до абортус и контрацепција и во родовата еднаквост.

– Репродуктивното здравје и женските права се и човекови права. За жал, на жените во Европа ова право им се ограничува преку закони и политики. Државите мораат да го признаат и да се справат со ова кршење на правата, изјави Муижниекс.

Неговиот извештај содржи 40 препораки, меѓу кои и воведување на сексуално образование, гаранции за пристап до контрацепција и легален абортус, ограничување на правото на лекарите да одбијат да вршат абортус, елиминирање на законската дискриминација и еднаквост на жените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top