Власта сака да ги спроведе промените на уставот по рецептот на “Тиранската платформа”, односно граѓаните прво да ги изгласаат промените на слепо, а власта потоа да им каже за што гласале.
Според премиерот Заев граѓаните не треба да знаат што ќе содржат измените на уставот за да не се вознемируваат.
-Ако знаат за што ќе гласаат на референдум граѓаните, ќе им биде непријатно, а мора да бидат слободни при гласањето.
За Заев слобода значи неинформираност, граѓаните да не знаат за што гласаат!
Властите сакаат да го употребат истиот трик каков што употребија со тиранската платформа: постизборно/постреферендумски да презентираат што ќе менуваат! А притоа да се повикуваат на легитимитет од гласање на кое не била презентирана одлуката.
Тиранската платформа во изборната кампања беше „вмровска фикција“ и „во главата на Груевски“, но измените на устав не се познати ниту сега, па можно ли е во тие уставни измени да има измени и за законот за јазици како што најавуваат дел од албанските партии за кои е идеален момент за туркање и на идејата за федерализација.
А што да очекуваш од оној кој живее со лаги вршејќи измами. Прикривање на факти е кога ГИ повикува со #ИзлезиЗа граѓаните да гласаат на референдум БЕЗ претходно да ги достави на увид Уставните амандмани. #Бојкотирам зависност од Грција. pic.twitter.com/TNuOx6CSIM
— #Бојкотирам (@bojkotiram) September 15, 2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)