| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца го одбила најбитниот „Секс“ во кариерата – „Сексот“ што ја проби Тамара во Србија (ВИДЕО)

Цеца Ражнатовиќ во текот на кариерата снимила бројни дуети и тоа најчесто со колегите со кои приватно се дружи. Меѓутоа, еден, коој
беше исклучително популарен го одбила. На фолк ѕвездата првично и било понудено да ја сними дуетската песна „Секс“ со групата „187“.
На крајот не дошло до соработка со Цеца, а овој хит на крајот момчињата од групата го отпеале со Тамара Тодевска.
-Бевме во преговори со Цеца. Поради некои други околности не се оствари нашата соработка“, кажал Бане од групата „187“ во емисијата „Кој ви даде термин“.
Тој истакнал дека Цеца доколку прифатеше би направила одлична работа, но како што појасни изборот на Тамара се покажал како вистински погодок за овој хит дует.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top