Седум лица загинаа во железничката несреќа во Бретањ- Сур- Орж, во близина на францускиот главен град Париз.
Возот само што тргнал од Париз кон Лимож кога излетал од шините. Според вестите од таму патниците се заглавени во возот, а локален официјален претставник вели дека имало “многу жртви”. Според Министерот за внатрешни работи Мануел Валс, седуммина загинале, а десетици беа повредени.
Полициски извор за АФП вели дека возот се урнал при голема брзина и се поделил на пола. Дел продолжил по шините а дел се превртел. Причината за несреќата не е разјаснета.
Возот превезувал околу 350 патници. информациите велат дека денеска возовите се полни со патници заради празничниот викенд по повод Денот на Бастилја во недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.