| четврток, 6 декември 2018 |

Иван Усовски, момчето од пицеријата ја објави својата прва песна (видео)

pizza-USOVSKI-Mali-Djokica-golema-740pxСе сеќавате на Иван Усовски, детето од Домот без родители, чија животна приказна ја објавивме пред еден месец?! Усовски денес има своја пицерија во центарот на Скопје, а во пицеријата работат деца од Домот, како и деца од сиромашни смејства на кои им е потребна помош…

Додека разговаравме со Иван постојано потпевнуваше, најчесто стихови од стари македонски песни и стихови од Тоше Проески. Деновиве се појави и првата песна на Иван. Како автор на текстот се потпишува неговата сопруга Ангела, а автор на музиката Игор Димовски.

…Си одиш драга од мене ти, повторно тажи, осамени дни, повторно болка, повторно тага, душава пати по тебе драга…
Не ме оставај сам, мојата љубов за тебе е знај, срцево мое и душа се твои, засекогаш најмила стоиш…

Приказната за Иван можете да ја прочитате на следниот линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top