Премиерот Заев вчера во Крива Паланка отворено ги повика бизнисмените и сопствениците на компании „да го отворат ќесето“ и да ги почестат работниците пред референдумот.
Во скандалозната изјава, Заев практично бара компаниите преку бонуси или плус плата да ги поткупат работниците да излезат и да гласаат на референдумот. Оправдувањето за ваквата постапка, според изјавата на Заев, премиерот ја гледа во, како што вели, блескавата иднина која и претстоела на Македонија
– Еве денес и приватните компании се разбудени. Слушнав денеска во Владата се видовме со инвеститорот на „Минстрој“, вели „Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на реферндумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се оствараат перспективи“. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците од тоа што верува дека блеска Македонија во моментот, но и неговите инвестиции во оваа Македонија. Имаме директори на компании во Македонија, Македонци кои велат „ќе дадеме уште една екстра плата затоа што и за мојата фирма се отвора перспективата“. Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почастете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе, изјави Заев синоќа во Крива Паланка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)