Познатиот готвач Ентони Бордејн, кој се прослави известувајќи од разни делови на светот, беше постхумно награден со шест „Еми“ награди за својата патописно-готварска емисија „Непознати предели”.
Серијата беше наградена во четири категории, а самиот Бордејн доби две постхумни награди „Еми“ – за сценарио за документарна програма и за информативна емисија. Токму наградата за сценарио е посебно значајна за екипата од серијата.
– Тони беше номиниран за ова „Еми“ многупати, но никогаш не ја доби нарадата. Многу ја посакуваше. Затоа ја примам со задоволство измешано со горчинав- истакна продуцентката Лидија Тенаљи.
Последните седум епизоди од шоуте ќе бидат емитувани на „Си-ен-ен“ од 23 септември.
Ентони Бордејн изврши самоубиство на 8 јуни, на 61-годишна возраст, во Франција, каде што ја снимаше последната сезона од емисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.