| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен тестаментот на Ентони Бордејн, кому му го остави наследството?

Вчера беше отворен тестаментот на познатиот готвач и кулинарски патеписец, Ентони Бордејн, кој почина пред помалку од еден месец. Бордејн имал имот вреден околу 1,21 милион долари.

Според објавените документи, Бордејн поседувал 25 000 долари на сметка, 35 000 долари во акции и 250 000 долари во лични предмети. Речиси половина милион долари Бордејн заработил од авторски права и реклами.

Во тестаментот кој го составил во 2016 година се наведува дека поголемиот дел од своето богатство, Бордејн го остава на својата ќерка, Аријана, која има 11 години.

Познатиот готвач и водител на наградувани кулинарски емисии на 8 јуни се обеси во хотелска соба во Кајзерсберг, мало село во Франција. Таму снимал нови епизоди од неговата позната серија Parts Unknown.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top