Помалку од една недела откако беше пронајден мртов во неговата хотелска соба во Париз, телото на Ентони Бордејн беше кремирано.
Сепак, прашината нема да биде расфрлана во Франција. Неговите остатоци ќе бидат вратени во САД. Ова се очекува да се случи утре, бидејќи властите се уште чекаат одобрување.
Ентони Бордејн беше пронајден мртов минатиот петок – осми јуни. Причината за неговата смрт е самоубиство со бесење.
– Нема причина да веруваме дека некој друг го одзел неговиот живот. Не постои индикација дека друго лице било во неговата соба, освен него. Нема знаци на насилство – велат властите во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.