Овој викенд водителка и новинар на „Антена 5“ радио Ана Шутиновска се омажи за Гордан Лазаревски, стоматолог од Скопје. Свадбата која помина во кругот на семејството и најблиските пријатели на парот кулминираше откако пред крајот на вечерта невестата ја загуби бурмата, пренесува „1ТВ“.
Бурмата буквално летнала од прстот на Ана додека таа се веселела со своите пријатели. Во раните утрински часови гостите на свадбата го барале прстенот на невестата кој на крајот бил пронајден од страна на водителката на Метрополис Радио, Маја Казакова.
На вечната љубов посведочија кумовите Каролина Гочева и Михаил Корубин кои беа дел од свадбената церемонија на нивните долгогодишни пријатели.
Кумата Каролина сподели фотографија од среќната невеста Ана (ФОТО)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.