| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски потврди: Фирмите се регистрирани пред огласот за да ги добјат тендерите (ВИДЕО)

За Министерот за внатрешни работи нема ништо спорно што фирмата стара 7 дена на 26-годишниот Виктор Серафимов наредните 5 години ќе држи монополски бизнис со возачки дозволи на територијата на Скопје, со чист профит од неколку стотици илјади евра.

Во синоќешното интервју во 360 степени тој потврди дека фирмите се регистрирани пред огласот за конкретната работа што треба да ја добијат околу тендерите.

– Јас ви кажав дека сите фирми се формирани непросредно пред огласот, вие повторно констатирате само две. Значи, сите фирми што учествувале на огласите се нови, освен старите коишто имале лиценца 10 години.

Сепак, пред десетина дена Спасовски тврдеше дека и фирми како ПСС и АМСМ и  останатите што учествувале на тендерот биле нови бидејќи регистрирале нова дејност за испитни центри.

-Сите фирми кои конкурираа се нови фирми. Дали фирмите кои ги спомнавте ПСС и АМСМ се стручни и компетентни јас немам сомнеж. Фирмата ПСС не учествуваше на конкурсот, учествуваше нова фирма Испитен центар ПСС и таа фирма е формирана оваа година сега и сите други фирми кои се учесници на овој конкурс се формирани во последните месец, два, неколку дена пред огласот. Што е важно, важно е да има стручен кадар, вработени согласно законот, вели Оливер Спасовски министер за внатрешни работи на 31 август.

За МВР нема ништо спорно што фирма стара 7 дена ќе држи монополски бизнис со возачки дозволи (видео)

 

Авто испитен центар Скопје според бодувањето, не откривајќи како се бодирало, котирала највисоко на листата уверуваат од МВР. Фирмата беше регистрирана 7 дена пред МВР да го распише конкурост за издавање лиценца, 4 дена од основањето, фирмата закупи под наем училници во деловен центар на улицата „Перо Наков“ 108 а. Каде се полигоните на Авто испитен центар не откриваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top