Со своја реакција по повод „насилството“ и дискриминаторскиот однос на судот кон обвинетите во неверојатната квалификација за тероризам за настаните од 27 април, се јавија и невладините организации кои ги следат судските процеси и настаните во правосудниот систем на Република Македонија. Тие забележуваат дека вакво судење досега е невидено во судската пракса во Македонија, што протолкувано суштински ја оддалечува земјата од позитивната оцена на правосудниот систем која е предуслов за Македонија, под кое и име да аплицира за членство во ЕУ, воопшто ги почне пристапните преговори.
Случајот за настаните во Диво Насеље, во кои загинаа 8 припадници на безбедносните сили на Република Македонија, а повредени беа 37 нивни колеги, и во кој обвинетите со огнено оружје и артилерија со цел повреда на територијалниот суверенитет на Република Македонија ја нападнаа македонската држава, се судеше 2 години.
Случајот за 27 април во кој 33 луѓе се обвинети за тероризам поради ескалацијата на протестите кои беа мирни 60 дена и во кој за среќа нема ниту една жртва, се форсира со четири пати побрзо темпо. А казните и во двата случаи се – идентични, бидејќи делото за кое се судеа луѓето во Диво Насеље и делото за кое се судат обвинетите за 27-ми април е исто, односно до 2008 беше во ист член на Кривичниот законик, а денес е само „формално“ одвоено во два различни члена.
Претходниот случај кој се форсираше и брзаше со вакво слично темпо беше судењето за екс-премиерот Груевски за набавката на мерцедесот со речиси секојдневни судења кои траеа до 22 часот. Ако тогаш дури ни обвинетите не знаеа зошто се брза толку, денес е многу појасно – сосема е возможно судот да брзал за да го осуди Груевски и другите обвинети со цел жалбената постапка по пресудата и одлуката на Апелациониот суд по жалбите да бидат завршени и изречени пред месец октомври кога според многу толкувања апсолутно застарува делото за кое се товарат. Односно може да се изведе еден објективен и реален заклучок: кога судот брза, брза со план да осуди и да пикне луѓе во затвор, а не со план да ја открива вистината и објективните докази, факти и околности.
Дали тоа е целта и со судењето со 33-те обвинети? Одговорот ќе го дадат наредните месеци, но постојат многу индикации дека е тоа така, дури и шпекулации во јавноста дека пресудите со повеќегодишни затворски казни за речиси сите обвинети се веќе напишани и само се чека формалниот крај на судскиот „театар“ за да бидат изречени.
Но она што е многу опасно во ваквиот третман на овие обвинети и воопшто на овој случај е што само дополнително се поткопуваат позициите на македонското судство во очите на оние кои треба да го следат напредокот на земјата и без кој, дури и со променето име, нема да започнеме преговори со Европската унија. Точно е дека од Европа дојде пораката дека треба да се „воспостави одговорност“ за немилите настани на 27-ми април, меѓутоа тоа не значи дека треба да се осудат луѓе по секоја цена за дело кое според објективните факти не постои (терористичко загрозување на уставниот поредок) во невидени рокови и со темпо на судење какво што не се памети во судската пракса. Токму затоа и реагираат невладините организации кои ги следат овие процеси, а само може да претпоставуваме што во своите белешки забележуваат како податок и факт претставниците на земјите кои ќе го оценуваат нашиот развој и напредок на интегративниот пат кон Европа.
Реагираат и многу еминентни професори, новинари, правници и познавачи на случувањата во правосудниот систем. Еден од нив е и професорот Миодраг Лабовиќ, добитник на највисока награда за борба против корупцијата, кој за македонското судство визави актуелните процеси дава негативна оценка дека и по политичките промени, судството не само што не се подобрува, туку станува и полошо.
Во судењето за настаните на 27 април обвинети се 33 луѓе за намерно терористичко загрозување на уставниот поредок на Република Македонија, при што обвинителството на чело со Вилма Рускоска тврди дека обвинетите имале за цел да го спречат изборот на Претседател на Собранието на Република Македонија, иако објективната вистина досега и на суд ја потврдија сите сведоци меѓу кои беа и највисоките функционери на СДСМ и повреденни луѓе во тие настани: на 27-ми април имаше насилство од помала група на луѓе, но изборот на Талат Џафери беше одамна завршен пред да почнат немилите настани – со што обвинението на Рускоска де-факто падна во вода, како што и е единствено логично за ваква неверојатна квалификација на дело во кое актери, уметници, оперски пејачи, режисери и уште многу други луѓе се судат за тероризам, по 12 саати на ден, секој ден. Но, за да биде урнато обвинението комплетно е потребен независен и објективен суд. Судејќи според реакциите на сите познавачи на овие процеси, таков во моментов нема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)