| четврток, 6 декември 2018 |

Публиката ја уништи церемонијата на Осака, но потегот на Серена заслужува аплауз (Видео)

Скандалозниот финиш на финалето на Ју-Ес Опен во женска конкуренција донесе многу драматични моменти кои завршија со победа на Наоми Осака, но и недолично однесување на домашната публика.

Американските фанови очекувано беа на страната на Серена Вилијамс, но со оглед на фактот што таа имаше конфликт со судијата а не со противничката, медиумите со право го осудуваат однесувањето за време не свечената церемонија.

Невидена драма во едно финале: Судијата и одзема поен и гејм на Серена, Вилијамс плачеше од нервоза (Видео)

Публиката се изживуваше на сметка на Осака и ја исвиркуваше победничката во финалето, па мораше да се вмеша Серена која го зема микрофонот и побара навивачите да се смират, бидејќи ова е најважниот момент во кариерата на Осака. По тоа следуваше незаборавен говор на Јапонката која се извинуваше што ја победила Вилијамс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top