Грчкиот премиер Алексис Ципрас вети вчера поголеми плати и пензии и намалување на даноците во следните месеци и години додека земјата се обидува да ги спроведе реформите и да го остави зад себе осумгодишниот период на решавање на последиците на должничката криза.
За сите мерки за подобрување на стандардот ќе се разговара со доверителите, кажа Ципрас вчера а отворање на трговски саем во Солун.
„Одлучни сме да го исполниме договорот (со доверителите)“, додаде грчкиот премиер.
Отворањето на саемот беше засенето од протестите на илјадници Грци кои излегоа на улиците на Солун да протестираат против владините мерки на штедење и високата невработеност, паралелно со протестите против македонско-грчкиот договор за името.
Пораките „Сакаме работни места, а не бескрајни даноци!“ преовладуваа на транспарентите на демонстрантите.
Според Ципрас, грчкиот БДП би требало да порасне за 2,5 отсто годинава, а невработеноста од 27,5 отсто пред четири години падна на актуелните 19,1 отсто.
Тој најави дека невработеноста во следните пет години ќе се намали за дополнителни десет отсто.
Ципрас го посети саемот со американскиот министер за трговија Вилбур Рос која кажа дека американските компании се спремни да инвестираат во Грција.
Грчките медиуми пренесуваат дека американски компании веќе изразиле интерес за преземање на две грчки бродоградилишта.
Грција на 20 август успешно го заврши третиот и последен круг од програмата за спас на државните финансии завршувајќи го со тоа осумгодишниот период во кој со помош на меѓународните кредитори се решаваше должничката криза и земјата остана во еврозоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)