Во Македонија нема независен Јавен обвинител, нема независен Уставен суд. Судовите и обвинителите „ја вртат капата од каде што дува ветрот“, вели професорот Миодраг Лабовиќ кој меѓу другото е и член на Советот за реформи во судството, тело кое според неговите зборови не одржало состанок повеќе од 100 дена.
„Во Македонија сеуште постои висока корупција, системска корупција која е присутна и со неа поврзаниот институционален тип на организиран криминал кој што ги прави најголемите штети во Македонија 27 години. Некој ќе рече – не се сите исти. Да, не се сите исти, меѓутоа видовме дека се некои само малку полоши или малку подобри од другите“, вели искусниот професор во емисијата Отворено на Алфа.
Апсолутно постои политизација во судството. Има прекрасни поединци судии и обвинители, меѓутоа поглемиот дел од нив „капата им се врти од таму каде што дува ветерот“, е констатацијата на професорот Лабовиќ. Според него и оваа извршна власт очигледно „става капа“ врз правосудниот систем.
„Јавниот обвинител кај нас не е независна институција. Уставен суд кој што е број еден во тоа системско владеење на правото, кој што е врв во таа пирамида, исто така… кој го бира, кој го бира? Логиката кај нас е да ја вртиш капата кон тоа кој те бира, според нашите обичаи и менталитет“, забележува професорот кој неодамна во Виена доби награда на ОН за борба против корупција.
Според него, има и една чудна појава во правосудниот систем која не е одлика само за медиумите во Македонија: автоцензура.
„Еклатантен пример за тоа е Советот за јавни обвинители кој не го даваше Марко Зврлевски, се додека не се смени власта. Откако се смени власта, за 360 степени се свртеа еден ден после тоа. Тоа не е во ред и тоа е прашање на свеста“, заклучува Лабовиќ.
Лекцијата по право и сето она што е ‘рѓосано во македонскиот правосуден систем во само неколку минути од следното видео:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


