| четврток, 6 декември 2018 |

Жената чие бебе беше обезглавено во матката: Докторот одби да ми направи царски рез, па се слушна чуден звук (ВИДЕО)

Лаура Галаци, која го изгубила својот син Стивен на пораѓање, е убедена дека нејзиниот лекар се обидел да го прикрие “очигледното убиство на нејзиното бебе”.

Лаура во март 2014. година добила трудови болки во 25. седмица и отишла во болница во Данди во Шкотска. Кога влегла во болницата лекарите ја прегледале и откриле дека папочната врвка почнала да и излегува надвор, но бебето не можеле да го видат. Истиот момент ја одвеле во салата за породување.

Во болки и видно преплашена, мајката стравувала од најлошото, што за жал и се случило. Лекарката која веќе 24 часа била на мена почнала природно да ја породува Лаура, иако требало да и даде анестезија и да и направи царски рез. Како што тврди несреќната жена, ја терале да напнува иако била отворена само два сантиметри.

“Два пати ми ја сечеа матката. Ми кажаа да туркам, иако чувствував дека не треба да го правам тоа. Ги слушав докторите…”, се потсетува Лаура.

Докторката против која се тргнати сите обвиненија

Таа вели дека трпела силни болки и дека не можела да издржи. “Докторката влечеше, а другиот лекар ми го надгледуваше стомакот. Се ме болеше премногу. Во еден момент слушнав звук како нешто да пукна…Мислев дека бебето излезе, дека е готово…Но тогаш, тогаш настана хаосот, сите почнаа да врискаат, ми велеа да продолжам да туркам. Бев во паника, а потоа само ја слушнав докторката како вели итно да ме успијат и повеќе не се сеќавам на ништо”, вели Лаура.

Несреќната жена потоа се разбудила во болничка соба во која лежеле и други жени кои ги изгубиле бебињата.

“Мојата сестра плачеше, а докторката дојде да ми соопшти дека моето дете повеќе го нема. Мислев дека починал бидејќи беше предвремено породување… Дури подоцна дознав дека, додека го влечеле бебето надвор, му ја откинале главата”, истакнува Лаура.

Таа вели дека се и признал другиот лекар на одделението. По неколкугодишно судење, донесена била одлука лекарката која ја породувала Лаура да може да продолжи со лекарската пракса.

Лаура уште има трауми од тоа што се случило. “Боледувам од посттрауматски стрес, имам кошмари…Никогаш нема да можам ова да им го простам на лекарите”, рекла мајката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top