По неколкумесечниот одмор по Европа и медиумска пауза откако ја издаде својата прва песна “Совршен пар” Анастасија Ражнатовиќ, се врати во Србија.
Анастасија во утринската програма на ТВ Прва откри дека не и пречи фактот дека медиумите сега се повеќе ја следат, откако влезе во музиката.
– Бидејќи јас сум од мала под будното око на јавноста, ништо не е ново за мене. Ништо не се сменило во однос на медиумите, се е исто. Мило ми е што сега имам некоја професија, не сум повеќе само ќерката на Цеца, во смисла дека сега сум пејачка. Па сега имам причина да се појавувам во медиумите – изјави пејачката која во рекордно време ги освои срцата на публиката и додаде дека таа повеќе не се вознемирува од негативните коментари.
– Се случува нешто да ме погоди и да ме вознемири, особено кога станува збор за брат ми и мајка ми. За мене, така-така. Но, во последните неколку години, се навикнав на сè што е напишано, има и добри и лоши страни на оваа популарност, па затоа повеќе не ги гледам овие коментари – изјави Анастасија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)