Главното раководство на Министерството за одбрана на македонија во моментов се состои од лица со длабоки приватни, роднински, оперативни и политички врски со Република Србија, пишува новинарот Иван Маровиќ од прватскиот портал „Хрватска данас“.
Во текстот објавен денеска Маровиќ се фокусира на неколку лица во тесното раководство на Министерството за одбрана.
„Државен секретар е Драган Николиќ, син на поранешен офицер на ЈНА од Србија. Освен што е партиски ангажиран во СДСМ и врши логистика за испраќање во мисии луѓе блиски на СДСМ и секако нивна промоција, нема значаен придонес за МО.
Државен советник, а истовремено и најблизок соработник на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и главен стручњак за човечки ресурси, е Мирослав Стојановски, поранешен капетан во Војската на СФРЈ во време на српската агресија на Хрватска и окупацијата на Вуковар, а беше обвинет и за убивање невини цивили. По окупацијата на Вуковар унапреден е во чин мајор на ЈНА.
Началник на Воената разузнавачка служба е Горан Василевски, лице кое има врски со Војската на Србија, што повторно е директна причина што подолго време не добивал сигурносен сертификат. Василевски е еден од ретките вработени во Македонската армија кој во 2013 година пишувал во весникот на Министерството за одбрана на Србија без претходна согласност на Министерството за одбраа на Македонија“, пишува Маровиќ во текстот.
Тој се повикува на мислења на стручњаци од оваа област, кои нагласуваат дека за да се објави текст во службено јавно гласило на војската, авторот на текстот треба да биде поврзан со уредувачката структура на гласилото, т.е. повисоките челници на државата.
„Се поставува прашањето ќе може ли Македонија со ваква организациска структура која очигледно е поврзана со некоја држава која не е членка или партнер на НАТО, во случајов Република Србија, да биде вистински парнер на останатите членки на НАТО, особено на Хрватска“, завршува текстот објавен денеска на Хрватска данас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)