| четврток, 6 декември 2018 |

Христијан Мицкоски оствари средба со австрискиот канцелар, Себастијан Курц (видео)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Австрискиот канцелар, Себастијан Курц. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, евроантлантските интеграции и актуелниот референдум за договорот со Грција.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека членството во ЕУ и НАТО преставува стратешки државен интерес, а воедно ВМРО-ДПМНЕ е отворена за понатамошна продлабочена соработка со Австриската Народна Партија како сестринска партија во рамките на Европската Народна Партија.

На средбата Мицкоски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ останува неприфатлив договорот со Грција и истиот дополнително државата ја става во незавидна ситуација.

– Целокупниот процес на преговарање се одвиваше нетранспарентно и опозицијата не беше консултирана, а самиот договор не ги одразува државните и национални интереси на Република Македонија, потенцирал претседателот на ВМРО – ДПМНЕ.

Според него, повеќезначното референдумско прашање се користи од власта за создавање на свесна забуна кај граѓаните со цел да се прикрие вистинската содржина за што реално треба да се одлучи, а тоа е договорот со Грција.


Претседателот на ВМРо-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за средбата напиша:

„За ВМРО-ДПМНЕ останува неприфатлив договорот со Грција и истиот дополнително државата ја става во незавидна ситуација.

Целокупниот процес на преговарање се одвиваше нетранспарентно и опозицијата не беше консултирана, а самиот договор не ги одразува државните и национални интереси на Република Македонија.

За ВМРО-ДПМНЕ повеќезначното референдумско прашање се користи од власта за создавање на свесна забуна кај граѓаните со цел да се прикрие вистинската содржина за што реално треба да се одлучи, а тоа е договорот со Грција.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top