На 8. септември, Денот на независноста на Република Македонија, ќе пристигне германската канцеларка Ангела Меркел. Ова е прва нејзина посета на земјава. Но, уште некој ќе ни се обрати со видео порака на 8. септември. Францускиот претседател, Емануел Макрон ќе испрати видео порака наменета за македонската јавност, објави 1тв.
Неговото обраќање го најави заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, преку порака на социјалните мрежи, по средбата со францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние. Според најавите, видео пораката на Макрон ќе биде испратена утре кога се очекува и пристигнувањето на германската канцеларка, Ангела Меркел во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.