Македонија е на историска пресвртница на патот кон ЕУ. Во пресрет на референдумот, закажан за 30 септември, решението за прашањето за името ја има нашата целосна поддршка. Затоа доаѓам во Македонија каде што ќе се сретнам со премиерот Зоран Заев и други официјални претставници, порача преку видео порака на Фејсбук и Твитер австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој денеска престојува во посета на Скопје.
Курц заедно со австриската делегација беше свечено пречекан на платото пред Владата на Република Македонија, а подоцна ќе има и заедничка прес-конференција со премиерот Заев.
Тој во Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери.
При последната посета на Заев на Виена, на крајот на јуни, Курц чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, упати апел до граѓаните на Македонија на референдумот да гласаат за прифаќање на Договорот со Грција што ќе го отвори патото кон Унијата и НАТО.
– Договорот околу името на државата со Грција е одлучувачки напредок во процесот на приближување на Македонија до ЕУ, истакна Курц.
Во пресрет на референдумот на 30 септември, вчера во Македонија беа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи Жан Аселборн, а утре на Денот на независноста доаѓа германската канцеларка Ангела Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


