Македонскиот интернационалец Марио Ѓуровски ќе ги одмери силите со познатите светски ѕвезди од тимот на Манчестер јунајтед, како член на најдобрата селекција од тајландската лига. Синот на познатиот ас Милко Ѓуровски е одбран како еден од петте странци во тимот на Синг Олстар, а натпреварот против „црвените ѓаволи“ ќе се игра утре во Бангкок. Шампионот на Англија е на турнеја низ Азија и ќе одигра пет пријателски натпревари. Едниот од нив е во Сиднеј, Астралија, а сите останати четири се во Азија.
Најтрофејниот англиски клуб има многу навивачи во овој дел од Земјината топка и веќе стандардно во последните неколку години оди на турнеја на Далечниот Исток.
Ѓуровски е член на Муангтон јунајтед во Првата тајландска лига и игра извонредно. Симпатизерите на фудбалот во егзотичната земја ги паметат неговите блескави потези.
Марио сезонава даде гол „паненка“, постигна неколку велемајсторски погодоци од слободен удар, изведе и стриптиз на теренот кога ги соблече шорцевите, направи незабележан потег кога со глава легнат на земја изведе слободен удар, со што го привлече вниманието кон себе. Секако најмногу благодарение на квалитетните настапи, но и поради забавните потези.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“